Пандемијата, ниските температури, снегот и студената езерска вода не ги спречи тројцата охриѓани денеска да се искапат во водите на Охридското Езеро, на плажата Горица 3.
„Ова го направивме чисто спортски, но и да го прославиме првиот снег во Охрид оваа година. Се искапивме, три пати, а потоа уживавме во јануарското сонце и снегот. Се капам редовно во Охридското езеро, во текот на целата година и тоа за мене претставува вистинско задоволство, бидејќи не само што е добро за сопственото здравје, туку ме прави по исполнет како човек “, изјави Аднан Оџоски, за „Гласот на Америка“.
Видеото можете да го погледнете на следниот линк.
]]>


