Се појавија нови фотографии од јахтата која потона во близина на Сицилија при што загинаа седум лица, меѓу кои и британскиот милијардер Мајк Линч и неговата ќерка,
Фотографијата од „Bayesian“, направена непосредно пред потонувањето, противречи на тврдењето дека екипажот ја оставил вратата отворена, пишува швајцарски „Блик“.
Фотографијата, направена од патници од соседната јахта, покажува навидум затворена врата на јахтата – само 14 минути пред бродот да потоне на 19 август во близина на брегот на Сицилија.
Карстен Борнер, холандскиот капетан на бродот „Сер Роберт Баден Пауел“, ги обезбедил фотографиите за документарецот на ITV. Во изјава за „Дејли мејл“ тој изрази незадоволство обвинувањата на бродоградителот кон екипажот на бродот дека заборавиле да ја затворат вратата.
Тројца членови на екипажот во моментов се под истрага на обвинителството на Сицилија, бидејќи се обвинети дека ја оставиле големата врата од задната лева страна на јахтата, долга 56 метри, низ која можело да влезе вода. Една од новите фотографии ја сведочи против оваа теорија.
Photo of ill-fated Bayesian superyacht minutes before it sunk and killed seven 'shows door on doomed vessel was closed' https://t.co/KqnCr1Afsk pic.twitter.com/bNM4NlHGaF
— Daily Mail Online (@MailOnline) October 3, 2024
Сопственикот на компанијата „Perini Navi’, која ја изградила јахтата „Bayesian“ во 2008 година, го опиша бродот како „непотопен“ и тврди дека екипажот сигурно ги оставил вратите отворени. Директорот на компанијата „Italian Sea Group“ дури изјавил: „Да беа сите на палубата, со чамци за спасување во вода, јахтата ќе потонеше, но сите 20 луѓе ќе беа спасени“.
Во документарецот на ITV, Борнер се потсетува на драматичните моменти за време на невремето:
„Мојот прв офицер рече: „Исчезна, потона“, а јас се изнасмеав и реков дека толку голема работа не може да исчезне за една минута. Тој беше во право“.
Борнер и неговиот екипаж успеале да спасат 15 преживеани од потонатата јахта, меѓу кои девет членови на екипажот и шест патници. Меѓу преживеаните има и жена која успеала да го спаси своето едногодишно дете од брановите. Во несреќата животот го загубија уште седуммина, меѓу кои британскиот милијардер Мајк Линч (59) и неговата ќерка Хана (18).
Телото на 18-годишната Хана е извлечено четири дена по несреќата од длабочина од 50 метри во Средоземното Море. Таа беше последната исчезната личност по страшната несреќа.
Италијанскиот пожарникар Фабио Паолети, кој помогнал во потрагата по жртвите, рече дека најтешко било да се најде Хана Линч.
„Девојката беше во последната соба. Беше мала и покриена со душекот, ни требаше подолго време да ја забележиме“, раскажува тој.
Во моментов се разгледуваат плановите за извлекување на јахтата. Експертите расправаат дали да се користи балон за кревање или кран. Експертот за спасување Бертранд Скибо проценува дека трошоците ќе надминат два милиони евра и ја нагласува потребата од претпазливост за да се извлечат остатоците во целина.
Новите информации ги покренаа прашањата за безбедноста на суперјахтата и би можеле значително да влијаат на тековните истраги, заклучува „Блик“.


