Познатата водителка Александра Илиевска која неколку сезони го водеше забавното шоу „Брза кујна“ набрзо по откривањето дека ќе стане мајка се повлече од ТВ екраните и ѝ се посвети на бременоста.
Александра на својот Инстаграм профил вчера објави дека на 23 јануари го родила своето прво дете, ќерката на која ја крстиле Сара.
„Соништата навистина се остваруваат. Официјално е! Сара пристигна на 23.01.2021“ – напиша водителката покрај фотографијата.
Извор: Слободен печат
]]>


