Се продава рачно изработениот автомобил за Гадафи, цената 961 950 евра

Јутарњи.хр

Холандскиот дилер на користени луксузни и спортски автомобили „Aуто Леитнер“ го продава еден од најретките автомобили во светот, „Мајбах 57 С Купе“, направен по нарачка на убиениот либиски лидер Моамер ал-Гадафи.

Планот бил првично да се направат 200 такви автомобили, но на крајот биле направени само осум примероци, од кои четвртиот (004) го купил Гадафи. Овој автомобил не бил произведен во погоните на „Дајмлер“, туку рачно во германската продавница за каросерии „Karosserie Manufaktur Weinsberg“, која е дел од групацијата Ксенатек и го прави посебен.

Автомобилот бил комплетиран дури по смртта на Гадафи, па затоа и никогаш не му бил доставен.

Луксузното возило има поминато само 2.300 километри и, како што истакнуваат од холандскиот салон, станува збор за модел со најмала километража во светот.

Автомобилот што некогаш бил купен за 675.000 евра, сега се нуди по цена од 961.950 евра.

Покрај неговата совршена состојба, автомобилот има и богат ентериер. Во заднот дел има фрижидер и телефон, а во предните и во задните седишта е вградена и функција за масажа.

]]>

Најчитани вести