Оттогаш, членовите на неговото семејство, освен неговата ќерка Илда, ретко се појавуваа во јавноста, а уште поретко зборуваа на болната тема. Неговата вдовица, Гордана Шаулиќ, не коментира, додека со нетрпение очекува да се одреди датум за продолжување на судењето на Алсин Левент, кој го предизвика сударот во кој загинаа две лица.
Како што пишува „Курир.рс“, вдовицата на Шабан минатата година добила близу 200.000 евра од австриската осигурителна компанија, бидејќи Шабан имал полиса за осигуруање. Од тие пари, изворот на Курир вели дека Гордана вратила дел од однапред платените хонорари на Шабан, односно долг што изнесувал околу 250.000 евра.
Вдовицата на Шабан, освен подмирените долгови, не мора да се грижи ниту за финансиската состојба, затоа што ја доби пензијата од нејзиниот покоен сопруг од Австрија. Иако претходно се шпекулираше дека станува збор за 2.000 евра месечно, станува збор за многу помала сума – 850 евра, пишува Курир.рс.
Таа исто така ја изнајмува и нивната вила во која планирале да живеаат со Шабан кога тој ќе престане да пее, за сума од 5000 евра, а наместо тоа се преселила во станот во кој семејствето живееле долго време.
]]>


