Си: Кина ја поддржува централната улога на ОН во меѓународните односи

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во разговор со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека Кина ја поддржува централната улога на светската организација во меѓународните односи, како и „вистинскиот мултилатерализам“, објави CCTV.

„Кина ќе остане сигурен партнер на ОН“, рече Си.

Кинескиот претседател и Гутереш се сретнаа во Тјанџин.

Британските медиуми наведуваат дека Гутереш е во Кина за да учествува на самитот на Шангајската организација за соработка, што ќе се одржи од 31 август до 1 септември. 

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести