
На свечената манифестација пред наградените студенти свое обраќање имаа Деканот на ФТУ, проф. д-р Цветко Андреески, продеканот за настава Проф. д-р Александар Трајков, раководителот на насоката Осигурување Проф. д-р Вера Караџова и Советникот за маркетинг Марија Илковска од СН Осигурителен Брокер АД Битола, кои воедно ги доделија и наградите. Беше поздравена иницијативата на СН Осигурителен Брокер, како компанија со докажана општествена одговорност, за поддршка на научната мисла и академската заедница, промоција на значењето на осигурувањето како стопанска дејност и поддршка на работата на студентите од насоката Осигурување при ФТУ преку валоризација на нивниот труд и покажани резултати од реализираните истражувања.

СН Осигурителен Брокер АД Битола обезбеди плакети и стимулативни парични награди за најдобрите трудови. Наградата од 20.000 денари за истражувачки труд беше доделена на Виктор Жупаноски, студент од 4 година, за трудот под наслов: Дигиталната технологија како фактор за развојот на дистрибутивните канали во осигурувањето. Наградата од 10.000 денари за истражувачки труд беше доделена на Фортуна Муртезаи, студент од 4 година, за трудот насловен како: Осигурување од поплави.

Наградите за трудовите за најдобар есеј од областа на осигурувањето беа доделени на: Емилија Тодоровска, студент од прва година, наградена со 3.000 денари; Дарко Наумоски, студент од прва година, награден со 5.000 денари; Дијана Симуноска, студент од четврта година, наградена со 10.000 денари, а најдобриот есеј од областа на осигурувањето го направи Антонио Крстевски, студент од прва година, кој беше награден со 15.000 денари. СН Осигурителен Брокер и ФТУ Охрид најавија поинтензивна понатамошна соработка, во интерес на студентите и во насока на промоција на финансиско осигурителниот сектор во Македонија.
Извор: Агротим.мк
]]>


