Собирал монети 70 години: Што мислите, колку пари има во ова огромно стаклено шише?

Внукот рекол дека дедо му го натерал семејството да ги преброи парите затоа што сакал да знае колку собрал пред да умре. Кога му кажале колку пари собрал, дедото се изненадил, објави 24sata.hr.

Еден Американец собирал монети цели 70 години. Наполнил огромно стаклено шише. Неговиот внук ги објавил фотографиите на интернет и додал дека сега конечно може да ги преброи парите.

– Дедо ми ги чуваше ситните пари во оваа тегла цели 70 години и конечно ми дозволи да ги избројам! – напиша корисникот на Reddit „Crimsonkitsune333“ неодамна.

Неговата објава добила илјадници коментари. Внукот вели дека целото семејство ги броело парите и дека им требало пет дена да ги избројат. Дедото собрал вкупно 2.052 долари и 76 центи или околу 1.875 евра. Монетите тежеле 69 килограми, а семејството ги изброило рачно и со помош на машина. Вредноста на парите би можела да биде уште поголема бидејќи во теглата нашле и историски монети. Најстарата монета е од 1928 година.

Други посебни пронајдоци вклучуваат сребрен четврт долар од 1951 година и десетици монети од никел од пред 1965 година, две сребрени парички и монета од жива. Експерт сега мора да разјасни дали тие се навистина вредни.

Внукот рекол дека дедо му го натерал семејството да ги преброи парите затоа што сакал да знае колку собрал пред да умре.

„Дедо беше шокиран, мислеше дека собрал помалку од 1.000 долари“, напишал внукот.

Покрај пари, во теглата се пронајдени и игли, штипки, копчиња и бонбони, како и налепници од овошје и парчиња ткаенина.

Најчитани вести