Вака следната недела ќе се дочекува и слави Велигден ширум светот: Обичаите и традициите зборуваат на ист јазик

Оваа година христијаните ширум светот го слават Христовото воскресение во ист ден, без разлика дали го следат јулијанскиот или грегоријанскиот календар. Тој редок момент на заедничка радост, кој се случува само повремено, дава можност да се потсетиме колку е универзална оваа празнична светлост. Додека едни бојадисуваат јајца со восок, други ги украсуваат со пердуви, а некои ги закопуваат како благослов за земјата – Велигден се слави во целиот свет со обичаи кои се шарени, симболични и длабоко вкоренети во традицијата.

Овие разновидни ритуали, иако различни по форма, зборуваат на ист јазик: јазикот на надежта, животот и победата на светлината над темнината.

Влажен понеделник во Полска

Велигденски понеделник е семеен празник во Полска и се нарекува Smingus Dyngus – Влажен понеделник, бидејќи е обичај ден по Велигден луѓето да се полеваат со вода едни на други на улиците. Или, пак, мажите и момчињата истураат вода врз жените и девојките, иако улогите брзо се менуваат.

Затоа, доколку случајно се најдете во Полска за време на празниците, немојте да се чудите што улиците и минувачите се целосно влажни. Овој обичај ги надминува границите на Полска, а успешно се одржува секаде каде што има Полјаци. Се верува дека традицијата има свои корени во претхристијанските пагански обичаи.

Писанки се велигденски јајца од Полска, рачно изработени со традиционален дизајн кој потсетува на паганските симболи на плодноста и пролетта.

Распнување на крст на Филипините

Во егзотичните Филипини, велигденските обичаи се нешто подрастични отколку во другите делови на светот. Имено, цела недела пред Велигден се одбележува со овој празник, а потоа верниците се маскираат во римски војници, кои според легендата марширале низ улиците на Ерусалим и ја симулираат поворката што следела пред распнувањето.

На Филипините, млади луѓе доброволно се распнуваат на крст, во спомен на страдањето на Исус Христос. Како покајание за своите гревови, учесниците на Велигденскиот настан се камшикуваат со бамбус, а потоа ппарадираат голи и боси низ улиците и со ова самоказнување имаат за цел да го повторат страдањето на Исус и да ги очистат своите души.

Многу филипински католици се подложени на молитва во текот на неделата пред Велигден, верувајќи дека на тој начин се чистат, болестите се лекуваат, па дури и желбите се исполнуваат.

Света недела во Мексико

Света недела е недела пред Велигден. Ова е многу важен верски празник во Мексико. Верските прослави се во преден план, а тоа е мешавина од христијански ритуали и домородните традиции, засновани на шпанските обичаи воведени за време на освојувањето и за време на процесот на евангелизација.

На некои места има обичаи за палење на Јуда за предавство на Исус, па се на Велика Сабота е посветено на тоа. Фигурите се направени од картон или хартија, понекогаш со прикачени петарди, а потоа се палат. Честопати Јуда е направен да личи на сатаната, но понекогаш може да личи и на тамошни политички фигури.

Вештерки во Шведска

Велигденското јајце во Шведска е хартиено или пластично големо јајце со слики од кокошки на него, кое се полни со слатки и им се дава на децата. Јајцето е најважниот празник симбол бидејќи ја содржи пораката за смрт и воскресение. Школката е симбол на гробот, а она што го содржи е симбол на нов живот, а тоа е пилето кое расте внатре.

Во Грција пијат оцет

Во Грција пред и за време на празниците владее прекрасна хармонија, а обичаите многу се почитуваат. На Велика среда низ Грција се украсува плаштеница со природно цвеќе, која навечер се носи на литијата. Во текот на целиот ден, верниците одат во црквата да ја бакнат украсената плаштеница, а децата обично се провлекуваат под неа за да ги следи среќа.

Потрага на јајца во Америка

Во Соединетите Американски Држави, децата на велигденско утро одат во потрага на јајца, обично скриени во дворот. Позната е и церемонијата што секоја година се одржува во Вашингтон, пред Белата куќа, кога претседателското семејство се дружи со децата на своите граѓани, пишува српски Телеграф.

Најчитани вести