Англија и Италија вечерва од 21 часот го играат големото финале oд Европското фудбалско првенство на Вембли. Навивачите веќе подолго време водат „војна“ со паролите, Англичаните извикуваат „Ќе си дојде дома“, додека Италијанците возвраќаат со „Ќе дојде во Рим“.
До дуелот има уште два часа, а веќе е „лудо“ во Лондон. За Англичаните овој е еден од најважните натпревари во историјата, па навивачите на репрезентацијата веќе одат кон стадионот да си фатат место.