(ВИДЕО) Најдоброто принудно слетување на авион во „бетонската џунгла“ со нула жртви

На денешен ден пред 12 години, авионот „Ербас А320“ на летот 1.549 полетал од аеродромот „Ла Гвардија“ во Њујорк до аеродромот „Шарлот Даглас“ во Шарлот, Северна Каролина. Две минути по полетувањето северо-источно од мостот „Џорџ Вашингтон“ на надморска височина од 859 метри, авионот на „УС Ервејс“ се судрил со јато птици, по што и двата мотори му откажале, па морало принудно да слета.

Капетанот Чесли Саленбергер и копилотот Џефри Скајлс знаеле дека не можат да се вратат на аеродромот од кој полетале, нуту да стигнат до било кој друг аеродром во областа без мотори, па одлучиле дека најбезбедно слетување ќе им биде во реката Хадсон среде „бетонската џунгла“ на Менхетен. Тие тоа го сториле толку маестрално што во падот немало ниту една жртва. Сите 150 патници, тројцата членови на екипажот и двајцата пилоти ја преживеле авионската несреќа, иако имало неколку со сериозни повреди.

https://www.youtube.com/watch?v=4v7kASXPQMc&feature=emb_title

По успешно завршеното слетување, пилотите се соочуваале со законски казни за пилотска грешка, затоа што не ги послушале препораките на службите да го слетаат авионот на друг аеродром.

Имено, националниот совет за безбедност на транспорт тврдел дека неколку поверливи компјутеризирани симулации покажале дека авионот можел да слета безбедно на било кој од двата најблиски аеродроми без мотори. Сали, сепак, инсистирал дека тој ги загубил двата мотори, останувајќи без доволно време, брзина, или висина за да слета безбедно на некој аеродром и се одлучил да слета во реката.

На крајот двете симулации кои се користеле при судењето и се пренесуваат и на сослушувањето, се покажале како неуспешни, а слетувањето на авионот во двете ситуации што му биле предложени на пилотот како алтернатива било неуспешно. Советот објавува дека анализите извршени на левиот мотор, пронајден во реката, го потврдуваат извештајот на Сали дека моторот бил онеспособен од ударот во птиците. Советот заклучува дека Саленбергер постапил правилно избирајќи ја надобрата достапна опција, која во настанот ги спаси животите на сите кои се наоѓале во авионот.

За ова е снимен и филм, а главната улога ја има актерот Том Хенкс.

https://www.youtube.com/watch?v=mjKEXxO2KNE
]]>

Најчитани вести