(ВИДЕО) Наместо боја, бело вино, шеќер и боја за храна: Вака подготвените јајца ќе бидат украс на празничната трпеза за Велигден

Во последните години се појавија бројни нови техники за украсување и бојадисување јајца. Сепак, многу од нив не даваат убави и трајни резултати, а често се случува боите и сјајот да ни останат на прстите. Затоа денес ви откриваме трик како да блескаат вашите велигденски јајца – со помош на шеќер!

Состојки:

500 мл бело вино

100 гр шеќер

јајца

боја за торта

Како изгледа постапката?

Истурете го виното во тавата, додадете го шеќерот, па додадете ги јајцата. Вклучете го шпоретот и посипете ги јајцата со боја за колачи. Варете на тивок оган околу половина час без капак, потоа поклопете, извадете го од шпорет и оставете да отстои преку ноќ.

Наутро, извадете ги јајцата на салфетка или хартиена крпа за добро да се исушат – додека се сушат, ќе станат сјајни и светкави од шеќер!

Најчитани вести