Мал авион и автомобил се судриле на автопатот во близина на аеродромот Ливермор во американската држава Калифорнија. Пистата на аеродромот во Ливермор оди паралелно со автопатот каде што се случил инцидентот и се наоѓа на само неколку стотици метри од него.
Во инцидентот нема повредени, а до незгодата дошло откако пилотот на малиот авион принудно слетал, веднаш по полетувањето, затоа што авионот, како што изјавил, започнал да губи сила. Тој успеал да се искачи на висина од околу 150 метри, а потоа почнал да паѓа. Според пилотот, единствена шанса му била да се обиде да слета на автопатот.