Џек Ma, основачот на „Алибаба“, кој три месеци не беше виден во јавноста, се појави на онлајн состанок со 100 наставници од руралните области, пренесе Ројтерс, потсетувајќи дека ова е прво појавување на милијардерот и технолошки магнат од крајот на октомври.
Откако ги критикуваше кинеските државни банкари на конференција во Шангај, а за кинеските глобални финансиски закони рече дека се наметнати за „клуб за стари лица“, Ма не се појави во јавноста. Сега Ма се обрати во видео-клип од 50 секунди на состанокот по повод наградите што им ги доделува на руралните наставници.