(ВИДЕО) Позната тежината на повредата на Швајцарецот по падот на „патеката на смртта“

Швајцарскиот скијач Урс Крајнбихл, кој падна тешко на спуст на Светскиот куп во Кицбил, Австрија, има потрес на мозокот, скршеница на десната клучна коска и скинати лигаменти на десното колено, соопшти Швајцарската скијачка федерација.

„Урс Крајнбихл ќе ја помине ноќта во болница, а утре ќе биде вратен во Швајцарија, објави швајцарската федерација, нагласувајќи дека скијачот е во свесна состојба.

Урс преживеа страшен пад при последниот негов скок, непосредно пред финишот на спустот во Кицбил, кога падна додека скокаше со брзина од 146 км/час. Ова е најтешкиот ској на Мундијалот, а 26-годишниот Швајцарец, не успеа да го совлада. Тој падна директно на глава, а потоа се излизга до целта, од каде беше евакуиран со хеликоптер. Така, Крајнбил се приклучи на долгиот список на скијачи кои доживеаја сериозни падови во Кицбил, на „патеката на смртта“.

-Два дена бараме да се пресече тој последен скок, кој е предолг. Летаме околу 80 метри со брзина поголема од 145 км на час и треба тоа да се скрати. Но, тие одбија и сега се виновни за падот, изјави Французинот Жоан Клари, кој исто така тешко падна на истото место за време на тренингот во четвртокот, а беше четврти на трката.

Организаторите се извинија за тој последен скок, но истакнаа дека снегот го обработиле вчера, но временските услови и мразот на патеката денеска значително го забрзувале пристапот кон тој скок.

https://www.youtube.com/watch?v=HLL_0DJPCDo&feature=emb_title
]]>

Најчитани вести