Направете богата вечера за вашето семејство за помалку од 45 минути. Доколку размислувате што да приготвите за вечера, еве го нашиот предлог за денес.
3 компири – 500 грама
1 главица кромид
1 морков
2 пиперки
200 грама печурки
4 јајца
200-300 грама млеко или јогурт
200 грама брашно
1 прашок за пециво, сол, бибер, оригано, масло
Компирите изрендајте ги на крупната страна од рендето и прелијте ги со ладна вода, оставете ги да отстојат. Исецкајте една главица кромид и пржете на масло, па полека додадете ги сечканите моркови, пиперките и печурките и продолжете со пржењето. Кон крајот на динстањето се матат 4 јајца во сад на страна и се додава една шолја кисело млеко, па се додаваат 200 грама пченично брашно.
Во целата смеса додајте ги компирите кои сте ги прелиле со вода, но добро исцедете ги и додадете ги зачините, прашокот за пециво и зеленчукот што сте го динстале, пишува Србија данас.
Сето ова убаво измешајте го и ставете го во подмачкан плех да се пече 30 минути на 180 степени. По 30 минути, извадете сè од рерната и обилно намачкајте со кечап и додадете неколку парчиња шунка колку да ја покриете површината.
Во зависност од тоа што сакате, можете да додадете кулен и рендано сирење. Вратете го јадењето во рерна уште 10 минути, па извадете го.
Јадењето е готово и можете да го послужите.


