(ВИДЕО) Путин влезе во вода на -20 степени

Рускиот претседател Владимир Путин влезе во вода во московскиот регион, со што се приклучи на одбележувањето на православниот празник Богојавление – Водици.

Путин влезе во базен со форма на крст и се нурна во студената вода три пати. Претходно, Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ, потврди дека Путин ќе учествува во капењето на Водици, додавајќи дека тоа е негова традиција.

Според локалните медиуми, во предградијата на Москва било -20 степени.

Руските војници се особено упорни во одржувањето на оваа традиција, а Министерството за одбрана на Русија им обезбедило 50 базени во Централниот воен округ за оваа намена.

https://twitter.com/Ramiro_Escoto/status/1351530696100212740
]]>

Најчитани вести