Многумина излегоа и на главните плоштади запалија свеќи и ги пееја неговите песни.
Едно девојче од Сараево расплака многумина на градскиот плоштад во Сараево пеејќи ја песната „Само да рата не буде“. Видеото погледнете го на следниот линк.

Вечерва пред „Универзална сала“ се собраа и граѓаните на Скопје, откако претходно и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов упати повик преку социјалните мрежи.
Тој истакна дека со пејачот, додека беше жив, се договарале да ја отвори со концерт новата „Универзална сала“.
Видеото погледнете го на следниот Oд Балашевиќ се простија и жителите на српската престолнина. Тие со многу плишани зајчиња, свеќи и песни од Балашевиќ се собраа на градскиот плоштад во Белград.
На средина оставија порака „Лаку ноч, даме и господо“.

Кариерата на Балашевиќ беше ставена пред голем предизвик кога како Србин во повоеното Сараево одржа два концерти во 1998 година.
Пејачот и автор Балашевиќ велеше дека и покрај тоа што меѓу земјите од поранешна Југославија има граници, засекогаш ќе бидеме „земјаци“.
Погледнете го документарниот филм „Ратове пролазе, лјуди остају“, посветен на Балашевиќ и неговиот концерт одржан во повоеното Сараево, со цел да се скрши мразот меѓу двете земји. Овој негов концерт се сметаше како крај на војната и дека покрај официјално на документи и реално е завршена.


