Групата „Црвена јабука“ го промовираше спотот за песната „Небеско платно“ од актуелниот албум „Тврѓава“.
Песната „Небесно платно“ е посветена на култниот сараевски графички дизајнер Давор Папиќ, кој загина во сообраќајна несреќа во Холандија во 2017 година.
Давор, меѓу другото, беше автор на повеќето корици на групата „Црвена јабука“, а по неговата смрт, групата одлучи сите наредни корици да бидат во црна или бела боја, со испишано име, без никаква друга придружна содржина.