Во Кавадарци се оценуваа вина во рамки на интернационален натпревар

Во Кавадарци денеска се оценуваа вина во рамки на интернационален натпревар. Оценувањето беше од страна на стручни лица, во просториите на Вински музеј за регионот Тиквеш.

– Голем беше интересот за  интернационалниот натпревар за најдобри вина во Кавадарци, информираа од  Здружението за промоција на производи од грозје и вински туризам „Винотек“,  што го организира овој настан во соработка со Вински музеј, под покровителство на градоначалникот и локалната самоуправа.

Натпреварот се организира во чест на денот на лозарите и винарите Свети Трифун. 

-Станува збор за интернационална дегустација и оценување на мостри вина произведени од регистрирани производители, мали винарии и домашни индивидуални производители. Имаше повеќе категории за оценување. Млади вина од берба 2023 и тоа бели, розе и црвени, бели, розе и црвени мирни вина и најдобро странско вино, појаснија организаторите на настанот. 

Тие нагласија дека оценувањето на квалитетот  го вршеше стручна комисија. Се оценуваа сите доставени мостри, а ќе се доделат пехари, медали, дипломи и награди на најдобро оценетите три вина од секоја категорија.

МИА

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести