Креирањето на платформата е проект кофинансиран од Европската Унија чиј носител е Здружение на бизнис жени, во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија, Национална федерација на фармери и Фондација за менаџмент и индустриско истражување МИР.
Главна цел е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање предлог јавни политики кое ќе придонесат за создавање поволно окружување за развој и унапредување на женското претприемништво и економско зајакнување на позицијата на жената, што ќе придонесе за поширок општествен раст и развој.
На настанот ќе биде потпишана декларација за поддршка на женско претприемништво.
Видеото погледнете го на следниот линк:
https://www.facebook.com/watch/live/?v=526104781979851&ref=external
]]>


