Волшебен прв танц на Теа Таировиќ и Иван: Се појавија снимки од приватната прослава за која платила 100.000 евра

Првиот танц на младенците бил со песната „Рингишпил“ од Ѓорѓе Балашевиќ.

Свадбата се одржала на фарма во близина на Нови Сад

Пејачката Теа Таировиќ вчера се омажи за Иван Вардај, а сега на интернет се појави видео на кое се гледа како изгледал првиот танц на младенците.

Теа Таировиќ и Иван сакале нивната венчавка да биде интимна, па до сега немавме прилика да видиме многу детали од прославата откако младенците го кажаа судбоносното „ДА“.

Меѓутоа, сега на TikTok се појави видео од нивниот прв танц, со песната „Рингишпил“ на Ѓорѓе Балашевиќ.

Невестата блеска во елегантен бел фустан, а чадот бил посебен ефект за време на танцот.

Инаку, Теа денеска се огласи на Инстаграм откако се омажи.

– Многупати кажавдека никогаш нема да се омажам, па еве ме во венчаница (овој пат навистина). Му подадов рака на човекот што го сакам и кој ме сака без резерва, без калкулации, без „ако“ и „но“ – напиша таа и додаде:

– Бидејќи како во љубовта така и во музиката давам се.  Желбата за мала, интимна, не-естрадна прослава ми е половина исполнета. Им благодарам на сите што ја испочитуваа мојата желба. Те сака Теа Таировиќ.

Инаку, Теа решила да си го задржи своето, но и да го земе презимето на сопругот, па отсега во нејзините документи ќе пишува Теа Таировиќ Вардај, пишува српски Блиц.

Најчитани вести