Документарен филм за британското кралско семејство од 1969 година, кој кралицата Елизабета Втора наводно забранила да се пушти во јавност, „мистериозно“ се појави на Јутјуб.
Документарецот содржи немонтирани снимки од кралицата и нејзиното семејство од 1968-1969 година. Тоа било првпат луѓето да можеле да ја слушнат кралицата во конверзација, а не да чита однапред подготвен говор.
Кралицата Елизабета првично нарачала документарен филм од националната телевизија Би-Би-Си со цел да покаже дека кралското семејство не се разликува премногу од обичниот свет, поради критиките дека другите високи членови се премногу дистанцирани и студени во однос на јавноста, но крајниот резултат не ѝ се допаднал.