Причината за ова потекнува од состојбите во историјата, односно фактот дека, покрај другото, виолетовата боја била многу скапа во минатото. Во старо време, таа се добивала од посебен вид морски полжав што го имало на Медитеранот. За да се добие само еден грам од оваа боја, требало да се соберат над 10.000 полжави. Затоа, ова боја била ценета исто како и златото, пишува порталот „Quora.com“.
Оваа боја најчесто можеле да си ја дозволат одредени кралски семејства, и само тие и носеле облека со виолетова боја.
Кралицата Елизабета наредила виолетовата боја да ја носат само членовите на кралското семејство. И никој освен нив. Сепак, оваа боја понекогаш била скапа и за самите владетели.
Римскиот император Аврелиј ѝ забранил на неговата сопруга да купи свилена виолетова шамија, бидејќи само едно шишенце со виолетова боја чинело три златни шипки, што денес би изнесувало околу 50.000 евра.
Престижниот статус на виолетовата боја се сменил по 1856 година кога осумнаесетгодишниот британски студент на факултетот по хемија, Вилијам Хенри Перкин, обидувајќи се да најде лек против маларија, случајно открил начин за производство на синтетичка виолетова боја.
Откако синтетичкото производство на бојата значително ги олеснило условите, виолетовата боја станала достапна за секого, па не е изненадувачки што почна да се појавува на некои знамиња создадени по 1900 година.
]]>


