ФОТО: Човекот кој со секира уби куче е во полициска станица, граѓани се собраа на местото на злосторот

Човекот кој попладнево со секира убил куче во центарот на Скопје, во скопската населба Дебар Маало, веднаш до кафе-барот Радиобар моментално се наоѓа во полициска станица.

На местото на злосторството има полиција а приустна е и поголема група граѓани, организирани преку социјалните мрежи за да се осигураат дека полицијата ќе реагира.

Инаку, еден од присутните во кафе-барот го снимил човекот кој го убил кучето. Дел од насобраните, како што се гледа од видеото, му се спротиставуваат на што тој се брани дека кучето лаело, го напаѓало и немало што друго да прави.

ВНИМАНИЕ – ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО

Според Член 233 од Кривичниот законик:

(1) Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци

Либертас

Најчитани вести