Жителите на оваа земја поминале ТРИЛИОН ЧАСОВИ гледајќи во своите телефони: Шокантни податоци за 2024 година

Најновата анализа покажала дека Индијците минатата година поминале повеќе од трилион часа гледајќи во своите телефони, бидејќи евтиниот интернет во најнаселената земја во светот ги направи платформите како Инстаграм и Нетфликс подостапни.

Според истражувањето на консултантската фирма EY, Индијците поминувале пет часа дневно пред екраните, од кои 70 отсто биле потрошени на социјалните мрежи или играјќи игри и гледајќи видеа.

Кој гледа најмногу?

Како резултат на тоа, дигиталните канали станаа најголемиот сегмент од медиумската индустрија во Индија во вредност од 2,5 трилиони рупии (29,1 милијарди долари) во 2024 година, престигнувајќи ја телевизијата за прв пат.

Затоа индискиот пазар е примамлив за компании од Таргет до Амазон, а за тоа се борат богаташите како Илон Маск и Мукеш Амбани.

Помали приходи за телевизијата

Речиси 40 отсто од населението во Индија, или 562 милиони луѓе, сега користат телефони, а во 2024 година, бројот на корисници на 5G ќе се удвои и ќе достигне 270 милиони луѓе. Како што се наведува во студијата, традиционалните медиуми како телевизијата, радиото и печатените медиуми забележале пад на приходите и пазарниот удел минатата година.

Најчитани вести