Природна маска за коса која го стимулира нејзиниот раст и го враќа сјајот

Губењето на коса е проблем кој мачи многу луѓе, без разлика на пол или возраст.

Овој традиционален метод користи природни состојки кои го стимулираат растот на косата, ги зајакнуваат фоликулите и го враќаат сјајот на вашата коса.

Русинките се познати по својата бујна и здрава коса, а тајната лежи во комбинацијата на едноставни, но моќни состојки кои делуваат од корен.

Потребна ви е само една состојка, моркови.

Како одличен извор на бета-каротин и витамин А, морковите не само што се добри за вашиот вид, туку влијаат и на здравјето на вашата коса, нокти и кожа. Покрај тоа, морковите помагаат во детоксикација на целото тело, вклучително и на скалпот, како и во создавањето на нови клетки.

Ситно изрендајте неколку свежи моркови и втријте ги во коренот на косата. Оставете го да делува најмалку 15 минути, а потоа добро исплакнете како и обично. Нанесете ја маската пред миење и повторете ја постапката најмалку пет пати за да ги видите првите резултати. Откако вашата коса ќе зајакне, можете да го повторувате овој процес еднаш месечно.

Покрај маската, не заборавајте на исхрана богата со витамини, масирајте го скалпот, избегнувајте стрес и избегнувајте да ја третирате косата со преси

Најчитани вести