Сандра Булок издвои една работа која никогаш не би ја направила пред камерите

Сандра Булок веќе имала искуство со разголени сцени на филм, што лесно може да се потврди и со едноставно пребарување на интернет, но не го поддржува тоа.

Сепак, таа се гледа себеси како просечна девојка и тврди дека никогаш не би снимала интимни сцени само заради естетика.

„Јас не сум жена која би рекла: „Ќе снимам интимна сцена затоа што изгледам добро“. Не сакам да ги знам моите најдобри страни, не сакам тоа да го гледам, затоа нема да го правам тоа на филм. Едноставно не сум тоа јас рече Булок во неодамнешното интервју за „Тајмс“.

Иако се шегуваше на своја сметка, таа всушност сакаше да нагласи дека не и се допаѓа типичната холивудска слика на жените, кои во повеќето случаи се прикажани како предмети на желба.

Нејзиното признание одлично се вклопува со актуелните дебати за состојбата на жените во Холивуд, особено по движењето #MeToo, кое ги откри притисоците и стереотипите на кои биле изложени актерките, пренесува Index.hr.

Најчитани вести