Пејачката Марија Шерифовиќ неодамна отпатува со синот Марио на заслужен одмор, а сега покажа како ужива таа и нејзиниот наследник.
Синот на Марија прооде, а сега пејачката го сними како трча без маица додека носи капа за да го заштити од сонцето.

Со снимката одеше песната на Шабан Шаулиќ „Био сам пијанац“, која ги насмеа сите бидејќи се однесува за бавното одење на малиот.
Инаку, Марија на социјалните мрежи се огласи од одмор каде имавме можност да ја видиме во костим за капење.

– Еве, додека Марио спие, јас малку да ги гледам луѓето. Никој со никого не разговара, веќе три часа сите молчат. Оваа баба пие розе, овој дедо гледа некои тетки, една госпоѓа се сонча, а до неа мажот на телефон цело време. После се чудиме од каде се разводите и расправиите. Луѓето не можат да се погледнат во очи, а немаат храброст да си заминат навреме. Еден пекол – изјави Марија во видеото кое го објави.

Да потсетиме, неодамнешното снимање на уште една емисија на музичкото натпреварување „Ѕвезде Гранда“, а Марија Шерифовиќ не присуствуваше. Таа моментално е на заслужен одмор, а како што дознаваме, во жирито на споменатото натпреварување ќе ја замени пејачката Сања Вучиќ, објави Блиц.


