Дарко и Катарина Лазиќ уживаат во хармоничен брак, а минатата година ја добија ќерката Срна која е центар на нивниот свет.
Катарина Лазиќ не крие дека би сакала на Дарко да му подари уште едно дете, но, како што истакнува, се уште е рано за тоа.
– Тој веќе планира уште едно бебе, да, веднаш би, но јас не сум бремена, во моментов сум целосно посветена на Срна – изјави за Република Катарина Лазиќ, откривајќи кој е пољубоморен во нивниот брак.

– Често е отсутен поради работа, но навистина нон-стоп сме во контакт. Тој е повеќе љубоморен, тоа може да го потврди, но кога има ваква љубов, љубомората е нормална. Никогаш не ме правеше љубоморна, немаше такво нешто. Често ме прашува: „Како е можно никој да не те сака“, но мене најмногу ме следат жени, не добивам пораки од мажи, нема непристојни понуди, не ми пишуваат, изгледа јасно им е дека сум во среќен брак.
Потсетуваме, Дарко и Катарина Лазиќ си разменија брачни завети на крајот на август 2023 година, а пејачот неодамна откри зошто плачел во текот на целата свадба.


