Овен
Денес е идеален за донесување деловни одлуки. Вашата интуиција е силна, но бидете внимателни со импулсивни реакции. Личноста под знакот Лав е одличен деловна поддршка за вас. Здравје одлично.
Бик
Фокусирајте се на вашето здравје и емоционалната рамнотежа. Можни се промени во односите, но ако сте трпеливи, се ќе излезе во ваша корист. Практикувајте повеќе физичка активност.
Близнаци
Комуникацијата е клучна денес. Некој од минатото може да ве контактира, а разговорот може да донесе неочекувани сознанија. Ќе бидете многу опуштени на деловен план и нема да бидете премногу загрижени за другите, туку за себе и за вашето внатрешно битие.
Рак
Финансиската ситуација доаѓа во центар на вниманието. Размислете за долгорочни планови и не донесувајте избрзани одлуки во врска со парите. Љубовта е на голема пресвртница. Проблеми со грлото.
Лав
Вашата енергија е силна и магнетна, што ви носи успех во приватниот и деловниот живот. Искористете го овој ден за да постигнете важни цели. Здравствената состојба е стабилна, но внимавајте на евентуалните настинки кои преовладуваат.
Девица
Потребен ви е одмор. Ако чувствувате притисок, одвојте момент за себе и слушајте го вашиот внатрешен глас. Работата и деловната ситуација е многу подобра во следните неколку дена.

Вага
Социјалниот живот ви носи позитивни промени. Можно е да запознаете личност која може да биде пресудна за вашиот иден развој. Ова особено важи за луѓето кои се поврзани со странство и деловни аспекти од животот.
Шкорпија
Деловните предизвици можат да ве исфрлат од рамнотежа, но ако останете фокусирани, сè ќе излезе во ваша корист. Љубовниот живот добива нова димензија. Меркур ви создава чувство на нетрпеливост во врска со работата.
Стрелец
Денес е одличен ден за истражување на нови идеи и патување. Можни се интересни можности кои ќе ви ги прошират видиците. Започнете некои нови идеи со луѓе од странство.
Јарец
Емоционалната длабочина е изразена, што може да донесе важни сознанија за вашите односи. Слушајте ја вашата интуиција кога станува збор за љубовта. Сè од минатото може да се врати кога станува збор за љубовната ситуација.
Водолија
Фокусирајте се на партнерските односи. Денес можете да постигнете подобар баланс во љубовните и деловните односи доколку сте отворени за разговор. Проблеми со стомакот.
Риба
Посветете се на здравјето и организирањето на секојдневните задачи. Денес е добар ден да направите позитивни промени во вашата рутина. Венера ви создава чувство на тврдоглавост кога се во прашање емоциите.


