Синди Крафорд е модна победничка меѓу ѕвездите на премиерата на Џорџ Клуни на Бродвеј

Премиерата на претставата „Good Night, and Good Luck “ на Џорџ Клуни на Бродвеј се одржа во театарот „Winter Garden“ и привлече многу познати личности.

Актерката и пејачка Џенифер Лопез се појави во црн кадифен фустан без прерамки со длабоко деколте, кој го комплетираше со светла наметка со нагласени раменици. Нејзиниот стајлинг е заокружен со смел накит и црна чанта.


Супермоделот Синди Крафорд и нејзината ќерка Каја Гербер се одлучија за класични црни фустани. Синди обила облечена во еднобоен фустан на едно рамо и со висок шлиц, додека Каја избрала фустан со квадратно деколте. И мајката и ќерката на премиерата носеле минимален накит.

На настанот присуствуваше и актерката Ума Турман која носеше бел сатенски комплет.

Покрај нив, на премиерата присуствуваа и Џорџ Клуни, кој во оваа претстава дебитираше на Бродвеј, како и Џулија Робертс, Хју Џекман, Гејл Кинг и Џорџ Стефанопулос.

Претставата „ Good Night, and Good Luck “ е адаптација на истоимениот филм од 2005 година, во кој Џорџ Клуни ја толкува улогата на новинарот Едвард Р.Мароу, пишува Нова.рс.

Најчитани вести