Милијардерот Бил Гејтс присуствуваше на 11-тото доделување на наградите во Калифорнија со неговата нова девојка Пола Херд.
Најбогатиот човек на планетата Бил Гејтс беше еден од гостите на церемонијата во Санта Моника која собра многу познати имиња.
Тука беше и Џеф Безос со неговата свршеница Лорен Санчез, двајцата во тандем го украдоа целото внимание на црвениот тепих, но ни Гејтс и неговата избраничка не заостануваат.
Неговата избраничка избра елегантен црн фустан со набори и помало деколте на градите.

Со оглед на тоа што се работи за креација на едно рамо, Пола на тоа додала пар обетки, додека останатото го препуштила на светките на фустанот да го сторат тоа место неа.
До неа Гејтс блескаше во класичен црн костум и бела кошула, а судејќи по насмевките, парот ужива во својата љубов.
Тие првпат беа видени заедно во 2023 година, а познато е дека Пола е сопруга на покојниот Марк Херд, извршен директор на „Оракл корпорејшн“. Пред тоа, таа беше технички менаџер во NCR Global.
Бил Гејтс неодамна се најде во центарот на вниманието кога зборуваше за разводот од Мелинда по 27 години брак.
Тој развод ќе остане запаметен по тоа што Бил го чинеше дури 12,5 милијарди долари.


