Како да ги исперете патиките во машина за перење без да ги оштетите

Доколку имате намера да ги перете патиките во машина за перење, има неколку работи на кои треба да внимавате за да не ги оштетите.

Прво, треба темелно да го исчистите ѓонот и другите делови од чевлите кои се особено валкани за да не се заглави песок, камчиња и слично во машината за перење.

Отстранете ги врвките и влошките пред да ги ставите во машината за перење. За да се ослободите од непријатниот мирис, експертите препорачуваат да ги посипете патиките со сода бикарбона и да ги оставите така преку ноќ и да ги исперете.

Ставете ги патиките во мрежеста торба или навлака за перница за да ги заштитите и патиките и машината. Кога станува збор за сушење, најдобро е во нив да ставите крпа за да ја задржат формата и да ги оставите да се исушат на воздух.

Избегнувајте да ги ставате во машина за сушење бидејќи повеќето патики содржат лепак кој не може да издржи високи температури.

Најчитани вести