Цеца се огласи од Шпанија: Покрај базенот во бикини соопшти важна информација: „Вие избравте“

Најголемата балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ се огласи од Шпанија и ги покани своите фанови да ја гледаат емисијата „Цеца шоу“ во која гостуваше Ана Николиќ на кабелската мрежа СББ, канал број 17.

Цеца ужива покрај базенот во дворот на вилата на нејзината ќерка Анастасија, а го порача следново.

– Здраво на сите, на големо барање на гледачите, вечерва „Цеца шоу“ на телевизија „Блиц“. Емисијата со мојата драга Ана Николиќ, изразивте желба да ја гледате оваа емисија, се надевам дека сите ќе уживате, особено гледачите од СББ кои немаа можност да ја гледаат таа емисија. Значи вечерва „Цеца шоу“, драга моја Ана Николиќ, телевизија Блиц, канал 17, ве очекуваме.

Да потсетиме, Цеца по неодамнешниот концерт во Врање даде изјава за „Блиц“ каде истакна дека е воодушевена од реакцијата на публиката.

– Публиката во Србија ме сака, секогаш работам во регионот. Сите овие години најмалку работев во Србија. Како што ја отворив сезоната во Србија, досега никаде нема грешка, љубовта е обострана. Гледам дека сега масовно ги бараат песните „Штета за мене“ и „Расуло“. Тоа го пеев порано, па го исфрлив. Постојано го вртам репертоарот на песни бидејќи секој има некакви желби. Тоа евентуално на Ушче. Едвај го чекам новиот албум, засега имам спремни 6, 7 готови песни. Досега тоа што го слушнав многу ми се допаѓа и напишано е за мене – изјави Цеца.

Најчитани вести