Каќа без двоумење раскажа како стојат работите со двете поранешни на Дарко. Откако Дарко Лазиќ се ожени со Катарина, низ медиумите и социјалните мрежи се шпекулира како таа се снаоѓа со неговите поранешни партнерки со кои има деца.
А потоа на сите за кратко им се затворија устите кога на свадбата на Дарко и Каќа се појави Ана Севиќ, првата сопруга на Дарко со која ја има ќерката Лорена. Тој го има синот Алексеј со Марина Гагиќ, која не беше гостин на свадбата, иако била уредно поканета.

Сепак сите се прашуваат како Каќа се сложува со мајките на децата на нејзиниот сопруг. Така беше и неодамна, па Катарина Лазиќ реши да проговори на оваа тема и на сите им стави до знаење како стојат работите.
- Мислам дека на сите досега им е јасно дека ги сакам и дека добро се согласувам со нивните мајки. Мислам дека тоа е нешто сосема нормално и дека нема потреба да се прави голема врева околу тоа – напишала Каќа.
А колку навистина е добра со поранешните партнерки на Дарко покажува фактот што децата Лорена и Алексеј често се кај Дарко. Тоа само значи дека ниту Ана ниту Марина немаат проблем со неа, пишува Ало.рс.


