Хорор во популарен ресторан: На ​​улица ловеле гулаби и на гостите им ги служеле како ПЕЧЕНА ПАТКА

Приказната е забележана во Мадрид, каде властите на 25 март извршиле рација во кинески ресторан во областа Узера и дошле до мачно откритие.

На интернет се појави видео, на кое се гледаат валкани замрзнувачи, месо на машина за сушење алишта и чинии со искубани и печени гулаби.

Медиумите јавуваат дека ресторанот имал осум неисправни замрзнувачи, полни со кеси со неозначено и недатирано месо, додека во кујната биле пронајдени лебарки и куп стапици за стаорци.

Немало термометар за контрола на температурата во просторот за складирање, а насекаде имало рѓосани и валкани садови, пишува Дејли мејл.

Наредено е затворање на локалот

 Надлежните соопштуваат дека во просториите се пронајдени и недозволени предмети како морски краставици чија трговија е забранета поради статусот на заштитена фауна.

Надлежните веруваат дека вработените ловеле гулаби по улиците, а потоа ги подготвувале и ги нуделе како „печена патка“, пренесува Ел Мундо.

По рацијата, наредено е ресторанот да се затвори, а против сопственикот е покрената постапка за непочитување на прописите за јавно здравје, објави српски Телеграф.

Најчитани вести