ОВЕН
РАБОТА: Денес не сте претерано со обврски . Можеби ќе се појави некој со кој не сте ги расчистиле целосно сметките, но и тоа можете да го решите.
ЉУБОВ: Во опуштено друштво, низ кругот на пријатели, нова можност за флерт. Размислете и за вистинска долга љубовна врска.
ЗДРАВЈЕ: Нема поголеми проблеми.
БИК
РАБОТА: Денес ја постигнавте целта. Можеби ќе ви биде претставена нова деловна понуда. Добар ден за оние чија работа е поврзана со работа на компјутер.
ЉУБОВ: Задоволни од сработеното, сакате да се опуштите со саканата личност на некое јавно место.
ЗДРАВЈЕ: Проблеми со тироидната жлезда.
БЛИЗНАЦИ
РАБОТА: Денеска ќе донесете важна одлука во врска со тоа дали ќе ја обновите соработката или не. Свртете се кон позитивен став.
ЉУБОВ: Можете да запознаете интересна личност во теретана или во рекреативен центар. Што ви треба повеќе од добра забава, дружење.
ЗДРАВЈЕ: Денес се чувствувате одлично!
РАК
РАБОТА: Не им верувате на Стрелците и Лавот, па не им ги покажувате отворено своите намери. И онака нема да имате многу корист едни од други.
ЉУБОВ: Имате големи очекувања. Не може сè да оди баш како што сте замислиле. Но вие сте упорни во тоа.
ЗДРАВЈЕ: Чувствителни нозе, во пределот на колковите.

ЛАВ
РАБОТА: Ќе се откажете од некој проект во последен момент, бидејќи сакате повеќе за себе. Чувствувате дека ќе бидете оштетени во оваа работа.
ЉУБОВ: Можно е да ви здосадат некои додворувачи и да размислувате како да ги „откачите“.
ЗДРАВЈЕ: Не сте најдобро. Проблеми со коските, ‘рбетот, ревматизам.
ДЕВИЦА
РАБОТА: Денес ќе бидете во контакт со голем број луѓе, ќе се чувствувате прилично удобно бидејќи ќе ве поддржат.
ЉУБОВ: Можни помали конфликти со партнерот. Размислувате како да ја решите ситуацијата. Најлесен начин да ги решите проблемите е во кревет.
ЗДРАВЈЕ: Лоша исхрана и дехидрација.
ВАГА
РАБОТА: Денес имате можност за „лесна“ заработка. Можете дури и да се забавувате со работа. Најмногу ви треба затоа што функционирате многу добро.
ЉУБОВ: Задоволни сте од својата ситуација, го заинтригирате партнерот. Понекогаш сте среќни поради тоа, понекогаш воопшто не ви е грижа.
ЗДРАВЈЕ: Склони сте кон воспаленија.
ШКОРПИЈА
РАБОТА: Денеска ви е полесно. Единствениот проблем е што добивате впечаток дека некој ви работи зад грб. Намалете го тоа чувство на слабост, страв.
ЉУБОВ: Осцилации на полето на емоциите. Можно е некој близок да ја повреди вашата суета. Не е прв пат.
ЗДРАВЈЕ: Лоша циркулација.

СТРЕЛЕЦ
РАБОТА: Иако не сте склони кон нервоза, присуството на Рак ви пречи. Знаете дека би му ја завршиле работата поефикасно и побргу.
ЉУБОВ: Можност за нови познанства. Се прашувате дали разликата во години е преголема. Тоа не е пресудно, но сепак ви пречи.
ЗДРАВЈЕ: Чувствителност кај органите за варење.
ЈАРЕЦ
РАБОТА: Решивте да дозволите работите да тргнат по својот тек. Не можете секогаш да имате контрола врз сите случувања. Можете да добиете пари од страна од која не очекувате такво нешто.
ЉУБОВ: Уживате во контактот со партнерот. Денот е многу поволен за љубов.
ЗДРАВЈЕ: Добро се чувствувате.
ВОДОЛИЈА
РАБОТА: Имате големи амбиции и апетити. Денес ќе заработите нешто, но нема да бидете задоволни со тоа.
ЉУБОВ: Се обидувате да воспоставите пријателски однос со саканата личност и да направите компромис. Можете да бидете успешни во тоа.
ЗДРАВЈЕ: Чувствителни сте, проблеми на психолошка основа.
РИБИ
РАБОТА: Денеска ќе разбиете некои илузии. Можеби не ви е пријатно, но барем реално ќе ја погледнете ситуацијата.
ЉУБОВ: Задоволни сте од ситуацијата и не сакате да ги менувате работите. Не оставајте на случајноста. Сè е во ваши раце.
ЗДРАВЈЕ: Напнати сте, внимавајте на себе денеска, можни се повреди.


