Најважниот совет за спречување на деменција: Лекарка открива што ја чува меморијата и по 60-тата година од животот

Деменцијата е невролошка болест која вклучува постепено влошување на интелектуалните способности, што доведува до нарушувања во социјалното и работното функционирање. Неврорадиолог др. Емер МекСвини откри неколку важни совети кои би можеле да помогнат да се спречи деменција.

Најважно е редовно вежбање

Редовната физичка активност, правилната исхрана, квалитетниот сон и нивото на ментална стимулација се меѓу главните фактори кои можат да влијаат на ризикот од развој на деменција. Од денот на раѓањето, главните фактори на кои можете да влијаете се вежбањето и исхраната. Мозокот не сака шеќер, па затоа исхраната треба да се заснова на таканаречената медитеранска исхрана, а избегнувајте шеќер во сите облици, изјави лекарката за Експрес.

Неодамнешните истражувања покажаа дека редовната физичка активност, како пливање, трчање, одење или танцување, може да ги зачува менталните способности дури и по 65-годишна возраст. Исто така, студијата спроведена на 648 здрави луѓе на возраст меѓу 65 и 80 години покажа дека оние со најдобра кардиореспираторна кондиција (CRF) имале подобри резултати во просек на пет когнитивни тестови.

Колку често треба да вежбате?

Ако правите 30 до 40 минути интензивна аеробна активност три пати неделно, тоа е одлично. Доколку немате навика за редовно вежбање, дури и секојдневното пешачење може позитивно да влијае на вашето здравје. Особено како што луѓето стареат, влијанието на пешачењето врз здравјето не треба да се потценува. Ако можете да одите брзо 45 минути секој ден, ќе се чувствувате одлично, а тоа е нешто што повеќето луѓе можат да го направат, додава д-р МекСвини.

Покрај физичката активност, таа препорачува одржување на ментална активност, на пример со учење нов јазик или свирење на музички инструмент, како и избегнување на прекумерно консумирање алкохол и пушење, пишува Најжена.

Најчитани вести