Поранешниот телохранител на Викторија и Дејвид Бекам пронајден мртов во Шпанија

Крег Ајнсворт, поранешен кралски маринец и поранешен телохранител на Дејвид и Викторија Бекам, е пронајден мртов во Шпанија, јавуваат странските медиуми.

Неговото исчезнување било пријавено минатата недела, а потрагата се фокусирала на областите Аликанте и Барселона.

Ејнсворт, според зборовите на неговата мајка, страдал од посттрауматско стресно нарушување (ПТСП), а непосредно пред да исчезне, објавил проштална порака на Фејсбук.

Неговата мајка Сали се огласила на социјалните мрежи, потврдувајќи ја болната вистина:

– Со најдлабока тага објавувам дека светот го загуби Крег. Служеше во Авганистан и се справуваше со последиците од ПТСП – напишала скршената мајка.

Истрагата за околностите на смртта на поранешниот војник и телохранител е во тек.

извор: slobodenpecat.mk

Најчитани вести