Пејачката Марија Шерифовиќ накратко ја прекина музичката турнеја и со синот Марио и мајката Верица замина на одмор во Мајами.
Таа сподели детали од својот одмор преку Јутјуб, кои нејзините обожаватели обожаваат да ги гледаат.
Сепак, еден момент ги загрижи нејзините фанови, а се однесува на синот на Марија. Шерифовиќ раскажа како еден момент на невнимание за малку ќе ги чинело глава.

Малиот Марио го повлекол телевизорот, а пејачката во последен момент реагирала па успеала да го фати и да спречи неволја. Верица веднаш искоментирала:
-Тој не те слуша ниту тебе ниту мене. Прави што сака додека не паднам од умор – вели мајката на Марија, а пејачката продолжува.
-Кога и реков дека е разгалено, таа рече: „Не е Маро, тој е само љубопитен“ – во нејзин стил изјави Марија, која ги насмеа луѓето.
-Тој е само здраво, многу паметно дете кое се интересира за се, но не може да го влече телевизорот да му падне на глава – го брани баба Верица, а Марија признава дека, за среќа, инцидентот бил избегнат, објави српски Телеграф.


