Потребно
За тестото:
500 мл свежо млеко
1 рамна лажица шеќер
1 свеж квасец
850 гр мазно пченично брашно
100 мл маслиново масло
200 гр кисела павлака
3 рамни лажички сол
За полнење:
500 гр домашни чварки
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Загрејте го млекото со шеќер додека не биде млако. Потоа тргнете го од оган и додајте го во издробениот квасец и посипете со прстофат брашно. Оставете така 20 минути, додека не се активира квасецот.
Чварките сомелете ги во блендер додека не добиете густ фил. Во сад се ставаат брашното, маслото, павлаката и солта и се замесува мазно тесто. Оставете го на топло место за смесата да се удвои. Премесете го тестото, па развлечете го на дебелина од половина см. Премачкајте со половина од филот од чварки. Од долната страна преклопете го тестото кон средината, па горното кон средината, оставете го така 10 минути. Постапката повторете ја со остатокот од филот, но преклопете го во спротивна насока од првиот пат и оставете го повторно 10 минути. Тестото превртете го наопаку, па развлечете го околу 2 см на набрашнета површина.
Исечете со чаша до одредена големина. Остатокот од тестото развлечете го повторно, додека не го потрошите целиот материјал. Покријте ја тавата со хартија за печење, а потоа наредете ги топчињата во неа. Печете ги топчињата 10 до 15 минути, или додека не поруменат, во рерна загреана на 200 степени. Пријатно!


