(ВИДЕО) Направете путер дома: Потребни ви се само 2 состојки

Ако сакате путер и секогаш да го имате во фрижидер, би сакале да ви покажеме како да го направите дома со само 2 состојки.

Состојки: 2 литри неутрална павлака со 30% маснотии

 сол по вкус

Подготовка: Во длабок сад истурете ја павлаката и матете со миксер на мала брзина.

На почетокот ќе добиете шлаг како што е за торти, но нека не ве збунува тоа, само продолжете да матете со малку поголема брзина додека не се згусне уште повеќе и маснотијата не се одвои во грутчиња.

Во текот на матењето додадете сол. Под тој згуснат слој ќе ви остане течност и токму тоа е што треба да се постигне. Кога путерот ќе се згусне, одвојте го од течноста со лажица или со раце, како што вам ви одговара и исцедете го вишокот вода.

Спуштете го во студена вода неколку секунди, па потоа повторно процедете, обликувајте по желба и завиткајте го во проѕирна фолија.

Оставете го во фрижидер да се стегне околу еден час и готов е за употреба.

Најчитани вести