Потребно е:
12 јајца (обични, не бели)
4 чаши вода
1 чаша оцет
1 пакување боја за црвени јајца
капка масло
Подготовка: Во тенџере сипете вода, а кога ќе зоврие додадете ги јајцата и оцетот. Намалете ја топлината на вриење, покријте ја тавата и оставете ги да се варат 15 минути. Потоа внимателно префрлете ги јајцата во сад со студена вода и оставете ги уште 5-10 минути. Истурете ја бојата во чаша, а потоа додадете ја водата во која се вареле јајцата.
Добро измешајте, па истурете назад во тенџерето. Вратете ги јајцата во бојадисаната вода и оставете ги околу 5-10 минути. Извадете ги во чинија обложена со салвети и оставете ги да се исушат. Истурете масло на памук и премачкајте го секое јајце.


