Арена Софија, најголемата сала во Бугарија, беше претесна за да ги собере сите оние кои сакаа да ја видат Драгана Мирковиќ во живо на сцената, а музичката ѕвезда им се оддолжи така што им приреди музички спектакл за паметење. Следеа хитови, публиката од цела Бугарија пееше во дует со омилената пејачка, а врв на вечерта беше кога на сцената и беше врачен Оскар за претходната година како најголема музичка легенда на Балканот.
Во најголемото гласање Драгана убедливо го зазеде првото место и бидејќи беше спречена да дојде на свечената церемонија на доделување на оваа престижна награда, наградата и беше доделена на спектаклот што го приреди во Софија.

– Неповторливата Драгана Мирковиќ е прогласена за добитничка на Големиот Оскар 2024 година! Доби специјална награда „Балканска музичка легенда на сите времиња“, признание за четириесетгодишната кариера која засекогаш ја промени музичката сцена – пишува во соопштението што беше објавено, а во кое признанието го образложија нарекувајќи ја музичката кралица на Балканот, што ја трогна музичката дива.
– Им благодарам на сите што гласавте за мене, публиката отсекогаш ми давала сила во најубавите, но и во најтешките моменти. Ова ме обврзува да не престанам, туку да продолжам да ви носам љубов и музика, како што веќе сте навикнати од мене – рече Драгана додека во салата ечеше „Легенда, Легенда“. На истото место Драгана ќе одржи уште еден концерт следната година, на 14 март, што е нормално затоа што таа е единствената пејачка од Србија која има фан клуб во Бугарија, со повеќе од половина милион членови, објави Скандал.рс.


