(ВИДЕО)Еден месец јадел само црвено месо – погледнете како целосно му се променило телото

За здрава исхрана, нутриционистите советуваат да се ограничи внесот на црвено месо на не повеќе од 340 до 510 грама варено месо неделно – што е околу три порции. Меѓутоа, јутјуберот Џејк Москато (28) решил да направи чекор понатаму и да тестира како неговото тело ќе реагира на диета составена исклучиво од црвено месо во текот на 60 дена, пишува Нова.рс.

Сакајќи да дознае дали по ваква диета ќе изгледа како „суперхерој“ или, како што вели, „да го уништи сопственото тело“, Москато се префрлил на таканаречената „лавовска“ верзија на диетата со месо – што значи диета базирана исклучиво на говедско месо и сол.

Сепак, тој брзо сфатил дека овој режим не е ни приближно лесен како што замислувал.

Први проблеми – и физички и психички

Само неколку дена по предизвикот, додека бил на одмор во Калифорнија, Москато се соочил со практични проблеми – не можел да најде ресторан во кој би можел да јаде, па често ги прескокнувал оброците и ги гледал пријателите како уживаат во храната додека тој седел со празни раце.

„Најлошо е кога сте некаде надвор. Нема погодности. Не можам да одам во Чипотл, не можам да змам нешто набрзина во Тако стоп. Заборавете на Дејвс Хот Чикен или Чик-фил-А. Морам да го готвам секој оброк“, вели тој.

Покрај логистичките проблеми, неговото здравје почнало да се влошува. По само една недела почувствувал вознемиреност, болки во градите, гадење и блага депресија. “На ништо не се радувам. Се ми се гади – од месо ми се гади. После ова можеби ќе станам веган”, рекол третиот ден од држење на диетата.

Сфаќајќи дека овој режим не е одржлив, Москато решил да ја ублажи диетата. Почнувајќи од третата недела, тој почнал да додава свинско месо, јајца и овошје во оброците – и веднаш забележал дека расположението му се подобрило. Во комбинација со говедско, свинско, вели тој, конечно неговите оброци станале вкусни.

Неговата исхрана тогаш била „од 95 до 97 проценти црвено месо“, со мали додатоци на овошје, јајца и свинско месо.

Како што се приближувал  крајот на предизвикот, забележал подобрување во неговото расположение, енергија и фокусот. По 60 дена направил тестови на крвта за да види какви промени предизвикала диетата.

Резултати: помалку маснотии, повеќе мускули – но и зголемен холестерол

Друг загрижувачки податок бил нивото на железо. Од 88 микрограми се зголемило на дури 176, што е потенцијално опасно по здравјето, бидејќи вишокот на железо може да го оштети црниот дроб, срцето и панкреасот и да го зголеми ризикот од хронични заболувања.

Нутриционистите предупредуваат дека црвеното месо, иако хранливо, во поголеми количини може да биде штетно поради заситените масти и потенцијалното зголемување на ризикот од кардиоваскуларни и канцерогени заболувања. Препораката останува: не повеќе од 340-510 грама црвено месо неделно, или до три порции.

Москато докажа дека екстремите носат резултати – но и потенцијални последици. Умереноста и разновидноста и понатаму остануваат најздравиот избор.

Најчитани вести