На социјалните мрежи почна да се шири снимка направена на последниот концерт на пејачката Светлана Ражнатовиќ Цеца во Врање.
Во ова видео можете да го видите клавијатуристот на Цеца како скока околу сцената додека Светлана ја изведува песната „Трула вишња“.
Бидејќи не очекувала дека клавијатуристот практично ќе падне во транс, Цеца зачудено го погледнува.
Hahahahahahahaha aa jadan🥺 pic.twitter.com/ZxUrOH6YLK
— Bestofraznatovicka (@kozapamti) April 7, 2025
Оваа реакција на Ражнатовиќ ги насмеа сите оние кои го гледаа спорниот клип.
Се исплаши да не падне од бината бидејќи тој скокаше веднаш до неа – објасни за „PulsOnline.rs“ извор кој бил на местото на настанот.


