(ВИДЕО)Што користат за да се стоплат во своите домови во град каде што е 71 степен под нулата?

Во најстудениот град на светот температурата во зима достигнува -71 степен! Марија Солко, која живее во Јакутск, објави видео во кое објаснува како луѓето се загреваат во тој град. Просечната температура таму за јануари (кој е нивниот најстуден месец во годината) е -50, а најниската температура досега измерена во овој руски град е -71 степен, што беше најстуденото место на Земјата. Па, ако ви пречат сегашните ниски температури кај нас и постојано ви е ладно дома, прочитајте како жителите на овој град успеваат да ги загреат становите и куќите, пишува Ало.рс.

Како се загреваат зградите во Јакутск?

Марија вели дека зградите во овој град се греат на два начина – имаат централно и индивидуално греење на гас. Повеќето ја користат првата опција. Бидејќи сè е замрзнато, цевките се над земја. „Најголемиот недостаток на овој тип на греење е тоа што сопствениците на станови не можат да ја контролираат температурата. Сè уште може да ви биде премногу ладно, но сепак може да биде премногу топло“, додаде таа.

Јутјуберката вели дека сите луѓе кои користат индивидуално греење на гас можат да ја контролираат температурата во својот дом. Таа се осврна и на цените, вели дека платила само осум долари за греење на гас во декември, а нејзините роднини кои живеат во зграда со централно греење добиле сметка за 130 долари тој месец. Таа додаде дека нејзината зграда има три влезни врати за да ја одржува топлината внатре. Речиси сите згради се направени од дрво бидејќи е прилагодливо на сите годишни времиња. Како изолација, се користи мов за пополнување на просторот помеѓу дрвените греди.

Почвата никогаш не се одмрзнува

Во градот кој се наоѓа на околу 450 километри јужно од Арктичкиот круг, земјата е студена дури и во лето, кога температурите може да се искачат до 30 степени и повеќе. Земјата никогаш не се одмрзнува. Јакутск има околу 355.500 жители, а луѓето главно се занимаваат со сточарство и риболов. Жителите на овој град велат дека не им е толку студено, бидејќи нивниот мозок едноставно е подготвен за тоа. Ниските температури им се нормални, навикнати се на нив.

Во најстудениот дел, селото Ојмјакон, луѓето живеат без канализација, со оглед на тоа што цевките замрзнуваат, па тоалетите се претежно надвор од куќата. Замрзнуваат и мобилните телефони, а оние кои немаат греење во гаражите, не ги исклучуваат автомобилите преку ноќ бидејќи не би можеле да ги запалат наутро.

Најчитани вести